Баерн Минхен му врачи отказ на Карло Анчелоти по доживеаниот пораз во второто коло од лигата на шампионите во Париз против ПСЖ со резултат од 3:0.
Анчелоти веднаш беше повикан на разговор кога тимот се врати во Германија. Прес конференција е закажана за попладнево, каде и официјално ќе биде соопштена одлуката.
Румениге веднаш по завршувањето на натпреварот со ПСЖ изјави дека тоа не е вистинскиот Баерн Минхен и дека некој ќе треба да превземе одговорност за поразот и дека ќе има последици. Тоа беше најлошиот пораз на Баерн во групната фаза од натпреварувањето во последните 21 година.
Анчелоти кој имаше договор до јуни 2019 со Баерн, сè почесто се поврзува со враќање на кормилот на својот поранешен клуб од Италија, Милан.