Пресуда за Диво Насеље на 17 октомври

Facebook
Twitter
Email
Print

На 17 октомври ќе биде соопштена пресудата за хоророт во кумановската Дива Населба во мај 2015. Денеска беше последно рочиште на кое обвинетите ги изнесуваа завршните зборови.

 

Скопскиот Кривичен суд треба да одлучи за висината на казната на 37-мина обвинети за тероризам и за терористичка организација. Обвинителството побара доживотен затвор, додека пак одбраната тврдеше дека нема цврсти докази за делото за кое се обвинети. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави и меѓународна истрага за кумановските случувања.

 

На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи