Хрватска го укина контроверзниот закон за семејство

Facebook
Twitter
Email
Print

Откако се соочи со жестоки критики, хрватската влада го повлече нацрт-законот за семејството, во кој беше дефинирано дека нема семејство без деца. Нацртот на предложениот акт е повлечен само еден ден откако е ставен на јавна расправа.

 

Расправата е поведена поради неколку спорни одредби, најмногу поради исклучиво дискриминирачката дефиниција на семејството, според која за семејства се сметаат исклучиво парови со деца и оние што се разведени или оние што им починале сопружниците, но само ако имаат деца.

 

„Вакви документи можат да предизвикаат големо внимание, а се во многу рана фаза на расправа. Во иднина нема да можат да се ставаат закони во јавноста додека не ги поминат сите надлежни координации внатре во владата“, рече премиерот Андреј Пленкович по владината седница.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи