ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Младите и локалната самоуправа работат заедно за подобра општина

Нема ништо поважно за едно општество од инвестирањето во младите. Младите се столбот и иднината на секоја заедница. Тие се носители на енергија, посветеност и перспектива. Општина Прилеп водена од идеите на младите и заедно со младите во изминатите 12 години направи многу. Истакнаа на денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Реализираше многу проекти со кои директно се подобри квалитетот на живот на граѓаните, се изгради ликот на една модерна, урбанизирана општина.

 

Заедно изградивме многу спортски игралишта, на идеја на младите отворивме ново кино, го подобривме и унапредивме и формалното и неформалното образование во градот, ги реновиравме сите училиштазошто основа на секое општество е образованието на младите.

 

Ги поддржавме и заедно со младинските организации, реализиравме локална стратегија за млади, рамо до рамо реализиравме многу проекти и настани. Младите во Прилеп добија нови повеќенаменски игралишта, скејт парк, фитнес зони, трим патеки, фудбалски игралишта, нови училишни сали, добија услови за спорт и рекреација на високо ниво.

 

Оформивме локален совет на млади кој како формално претставничко тело секогаш го претставува гласот на младите во општината. Отворивме информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА преку кој добија можност да волонтираат во земјите во ЕУ, да бидат дел од младински размени и да учествуваат во проекти финансирани од европските фондови.

 

Во насока на поддршка на младинското вработување организиравме саеми за вработување, отворивме три кариерни центри за кариерно советување, и го поддржавме младинското претприемништво.

 

Најважно од се, обезбедивме услови со кои се отворија многу нови инвестиции во Прилеп со кои голем број на млади се вработија.

 

Ете кандидатот за градоначалник од СДС Илија Јованоски проба во медиумите да ги омаловажи и исмее сите реализирани проекти на младите и општината навјеројатно од незнаење што се досега се работело.

 

Ете, ветува дека ќе ги задржи младите во Прилеп, а не чувме нити еден збор  како. Младите очигледно се само бројка на гласови за вас, па не ги удостоивте со нити еден конкретен проект со кој ќе ги поддржите сметајќи дека не заслужуваат посебно внимание.  Вие не сте ни заинтересирани да ги дознаете нивните проблеми а камоли да ги решавате.

 

Затоа ние, ќе субвенционираме до 50 % од годишната котизација во државна квота за студирање на факултети во Република Македонија кои продуцираат кадри кои се дефицитарни на пазарот на труд.

 

Во соработка со локалниот бизнис сектор ќе формираме локален систем преку кој на младите во и вон образовен процес ќе им овозможиме да стекнат практично искуство со кое ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд. На учениците од средните технички училишта ќе им се обезбеди теоретска и практична настава од страна на вработени ментори во домашни и странски компании кои се лоцирани и работат во општината.

 

За поддршка на младите со хендикеп во општина Прилеп ќе отвориме локален центар за работни вештини во кој ќе имаат можност да стекнат одредени работни и професионални вештини со кои ќе бидат конкурентни на пазарот на труд.

 

Ќе организираме саеми за вработување на млади и ќе продолжиме со поддршката на младинските здруженија и иницијативи.

 

Во населено место Канатлраци и кај ООУ Рампо Левката ќе изградиме две повеќенаменски игралишта на на 5 локации во градот ќе изградиме 5 баскет игралишта и ќе поставиме пинг понг маси.

 

Првенствено за младите но и за сите полнолетни граѓани ќе субвенционираме 50% од цената за купување на нов велосипед но најмногу до 4000 денари.

Само општина во која младите се дел од процесите на одлучување е успешна и просперитетна општина.

 

Општина Прилеп е партнер на младите и затоа заедно, продолжуваме да работиме за Прилеп, да работиме за иднината!“

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи