Општина Прилеп реагира на прес конференцијата на СДСМ, во која општината се обвинува дека не префрлила никакви средства на името на фудбалскиот клуб Победа во периодот 2015-2016 година. Реакцијата ја пренесуваме во целост.
„Почитувани,
Во спортот нема место за политика. Тоа го кажавте вие, а ете го користите фудбалскиот клуч Победа да манипулирате со јавноста. Сами себе се демантирате и покажувате невидено лицемерие.
Општина Прилеп во изминатите 12 години континуирано и финансиски ги поддржува спортските, клубовите од општината, а посебно гордост на Прилеп е ФК Победа. Колку СДС им помогна на спортските клубови и спортот во Прилеп, а посебно на ФК Победа?
Бидејќи сакате селективно да ги прикажувате информациите и да манипулирате во прилог Ви доставуваме изводи со кои јасно се гледа дека е извршена исплата на средства во висина од:
2015 година 1.520.000 денари
2016 година 5.300.000 денари
2017 година 2.500.000 денари
Затоа наместо вие да правите приказни и игри со угледот на спортскиот бренд на Прилеп и со локалната самоуправа, покажете барем минимално ниво на политичка култура спрема граѓаните и удостојте ги
во вашата кампања со барем еден конкретен проект, со конкретни рокови, буџет и стратегија.
Ниа како Локална самоуправа ќе продолжиме да вложуваме во спортот и во ФК Победа и заедно да ја креираме фудбалската и спортска историја во Прилеп.
Со работа за Прилеп! За Спортот! За Победа!“, стои во соопштението од општина Прилеп