ФК Победа АД: Вмешувањето на нашиот колектив во политичката кампања е крајно несериозно

„Почитувани кандидати за градоначалник на Прилеп, вмешувањето на нашиот колектив во политичката кампања е крајно несериозно и ФК Победа АД ги осудува сите ваши намери за добивање на ситни политички поени на наш грб! Изминативе неколку години беа доста бурни за нас, од ниските лиги брзо напредувавме и стигнавме до ПМФЛ со многу труд. Низ овој период, трансформацијата од ДООЕЛ, во АД беше потребна затоа што така налагаат правилата, а не поради нашите желби. Победа нема концесионери, туку сопственици кои макотрпно се вложуваат во работата на клубот и прават клубот да расте од сезона во сезона. Локалната самоуправа преку Советот за сезоната 2016/17 одвои скоро 6мил. денари за спонзорство на нашиот клуб и истата таа сума советот ја изгласа и за оваа сезона. Со вашето спомнување во лоша конотација, добиваат останатите клубови во ПМФЛ и ако тоа Ви е целта, тогаш не сте љубители на најважната споредна работа и не се чепкајте со нас!!! Ве повикуваме во наредниов период, наместо да ни наштетувате со лоши и грешни изјави, да излезете со коментар околу вашата идеја за развој на спортот во Прилеп и дали ќе го прекратите спонзорството во ФК Победа АД, зошто во Македонија е многу тешко да се најдат спонзори и со вашите политички изјави ќе ги одвратите и оние кои до сега биле општествено одговорни, се нафатиле да бидат основачи на ова друштво и безрезервно вложуваат и се залагаат да тоа има успеси во иднина! Ги покануваме сите љубители на ФК Победа, секој кој сака до помогне да ни се придружи кон остварување на нашите цели, вратата е отворена“, стои во соопштението на фудбалскиот клуб победа Победа

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи