ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Заев ги излажа вработените во „Еурокомпозит“, агонијата и понатаму продолжува

Aгонијата во Еурокомпозит продолжува! Начинот на функционирање на фирмата и третирањето на вработените се повеќе личи на робовладетелство! Штрајкот  не е дозволен иако е Законски гарантиран! Рекоа на денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Синдикатот е претворен со закании притисоци во безгласна буква! Нема ништо од ветените плати за 44 дена како што беа излажани вработените од Кочо Анѓупев и Горан Сугарески!

 

Поминаа 130 дена и ништо од тоа.Вработените немаат ни здравствено осигурување!Битно Владата не задолжи нови 410 милиони евра,економскиот раст падна за 6 проценти,а за сметка на ова фирмите на Анѓушев работат турбо!

За да биде иронијата поголема младиот и неискусен директор на Еурокомпозит на вработените им кажал дека ако бидат мирни плата ќе добијаат на 13 октомври ден пред изборниот молк! Еве на кое дереџе ја донесе СДС Македонија и македонското стопанство!

 

Имаат пари за вработување на сите ШАРЕНИ револуционери во Влада и Директори на фирми ,ама за намачените вработени во Еурокомпозит нема пари! Народот знае,народот почитува,казнува и наградува! Народот на 15 октомври ќе одбере бр 13 за НОВА ЕРА!

 

Го повикуваме Зоран Заев денес за време на неговата посета во Прилеп да го реши проблемот со кој се соочуваат сограѓаните вработени во Еурокомпозит!

Знаеме дека има време за воведување на двојачичност и распродавање на државните интереси па го повикуваме да одвои време и за вработените кои брутално се лажени и манипулирани од Сугарески и Анѓушев и да им ги исплати ветените плати!“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи