Синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа изложба на уметникот Јордан Ефремов, насловена како „Метаморфоза на синестетичкиот ракурс“.
„Делата на Ефремов ненаметливо ќе ве внесат во лавиринтот на животот низ игра, па таму талкајќи ќе го спознаете разголувањето на душата, ќе ве движат и низ вијугите на мозокот до минатото, до Бог, а сепак ќе бидете ортомисани помеѓеу небото и земјата во зоната на животот. И тамам ќе ја здогледате подадената дланка во темнината, следи нов чвор, ново сопнување на некој страв, сомнеж, на некоја неизвесност, недоверба, ново разочарување, ..топло па ладно, светло па темно…“, вели историчарот на уметност со археологија Елизабета Дерменкоска – Цефи.