Пол позиција за Хамилтон во Малезија

Facebook
Twitter
Email
Print

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за ГН на Малезија. Хамилтон најбрзиот круг во квалификациите го помина за минута и 30,076 секунди.

 

Од втората позиција ќе стартува возачот на Ферари Кими Рајконен. Главениот конкурент на Хамилтон и клубски колега на Рајконен, Себастијан Фетел ќе стартува последен по катастрофалните квалификации, каде не успеа да комплетира ниту еден целосен круг.

 

„Ова е дел од мото трките. Не е идеално, не е тоа што го посакуваш особено кога знаеш дека го имаш она што е потребно во себе. Од друга страна пак, барем ги зачувавме гумите за утрешната трка“, изјави Фетел откако откажа моторот на неговиот болид.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи