Шпанската полиција ги затвора гласачките места во Каталонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Шпанската полиција ги затвори училиштата кои беа планирани да служат како гласачки места и ја окупира базата за комуникации на Каталонската влада со цел да го спречи референдумот за независност.

 

Поддржувачите на референдумот пак ја поминаа ноќта во училиштата заедно со своите деца и истакнаа дека планираат да останат таму до недела, со цел да осигураат дека гласачките места ќе бидат отворени, иако шпанската полиција веќе затвори повеќе од половината гласачки места.

 

„Спиевме и ја чекавме полицијата со цел да не не избрка од училиштето. Поминаа еднаш и им кажавме дека сме внатре и дека сме мирни. Беа многу љубезни.“, изјави девојка поддржувач на референдумот.

 

Се очекува десетици илјади Каталонци во недела да излезат и да гласаат на референдумот за независност, кој што ќе нема легален статус и кој веќе е блокиран од страна на Шпанскиот Уставен суд, бидејќи се коси со уставот од 1978 година.

 

Шпанската влада ја мобилизира полицијата во тој дел од земјата и веќе илјадници полицајци се на терен со задача да ја спроведат одлуката на судот за спречување на референдумот и одстранување на луѓето од гласачките места во недела. Денес тие излегоа со соопштение дека веќе затвориле 1300 од вкупните 2315 училишта кои ќе се користат како гласачки места, додека 163 се окупирани од страна на граѓани.

 

И покрај обидите на централната влада да го спречи референдумот, сепак лидерот на Каталонија Карлес Пуџдемон изјави дека тој ќе се одржи без никакви отстапки.

 

„Сè е подготвено на гласачките места, кои се  над 2000 на број. Доставени се гласачките кутии, гласачките ливчиња така што сè е спремно за народот да го каже своето мислење“, изјави Пуџдемон.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи