Во Канатларци се одржа традиционалното „Ашуре“

Како и секоја година делегација на Општина Прилеп присуствуваше на традиционално „Ашуре“ во н.м. Канатларци на покана на Бекташиската Верска Заедница, во текето „Дикмем Баба“.

 

„Синоќа ги заколивме курбаните И денеска дадовме ручек за сите верници што дојдоа тука. Ова ние го нарекуваме „жална слава“. Пред 1439 години фамилијата на светиот Мухамед станале маченици во Ирак и од тогаш ние до денес го славиме овој ден. И господ да даде радост и среќа и за многу години да е денешниот ден“, вели Абедим Текишаноски, Баба.

 

Според дел пак од верувањата и традицијата за овој ручек – ашуре, стара со векови, потекнувала од денот кога бродот на пророкот Ное и неговите верници се спасувале од потопот. Откако бродот пристигнува на брегот, останата храна во бродот се собира и се прави еден оброк. Тој оброк се нарекува ашуре. Ашурето се нарекува и јадење на љубовта и хуманоста. Се споделува со комшиите, пријателите и роднините. По примерот на ашурето каде што дванаеесет производи се спојуваат во една смеса, така и муслиманите, христијаните и сите други верници треба да се собираат и да живеат во заедничка хармонија.

 

Општина Прилеп им посака на жителите на Канатларци и понатаму добро здравје и негување на традиционалните вредности нагласувајќи дека соживотот и заедничката соработка со турското население преставува вистински пример за меѓуетничко уважување и почит.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи