ВИДЕО : Промоција на ЛЕАДЕР програмата за развој на руралните средини во Македонија

Локалната акциска група Агро Лидер во рамките на проектот „Промоција на ЛЕАДЕР во Австрија за развој на ЛЕАДЕР во Македонија“ денес и утре во Прилеп го организира настанот за трансфер на знаења помеѓу секторите за локален економски развој во руралните средини од Австрија и Македонија и имплементирање на ЛЕАДЕР пристапот во Македонија. ЛЕАДЕР пристапот е нова алатка во Македонија кој активно се имплементира во европските земји повеќе од 20 години.

 

 

„Јас сум локалниот менаџер на 77 локални акциски групи и според мене ЛЕАДЕР е најдобрата алатка за имплеметација за развој на рурален туризам. Задоволство и чест ми е што денеска сум тука во Македонија и се надевам дека Македонија ќе започне конечно да ја имплементира ЛЕАДЕР мерката како што е во останатите држави на ЕУ. ЛЕАДЕР како најдобра програма на Европската унија не се однесува само на парите туку се однесува и на локалното население и нивните потреби за да тие го направат регионот така како што тие го замислуваат“, вели Стефан Недермосер, претседател на ЛЕАДЕР мрежата во Австрија.

 

Проектот е финансиран од Бацит програмата, КТЗ и Австриска амбасада кој што го имплементира локалната акциска група.

 

„Целта на настанот е да се постигне трансферот на знаења и директната техничка помош како и помош во човечки ресурси за тоа како се имплементира ЛЕАДЕР во Австрија, како започнал неговиот пристап и како истиот модел ние да го преземеме тука во Македонија. Ова не се однесува само на локалната акциска група АГРО ЛИДЕР туку на сите акциски групи во Македонија кои ги има 14, кои што треба да настапиме заедно за да конечно се отвори ЛИДЕР мерката и користење на ЕУ фондовите кои се однесуваат на руралниот развој во Македонија“, рече Даниела Цветаноска, претседател на ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

 

„Сакаме да подвлечеме дека ЛЕАДЕР пристапот е најдобриот пристап за рурален развој во ЕУ. Со тоа што ние како земја сакаме да пристапиме кон ЕУ, треба да ги пратиме нејзините политики, така што воведувањето на ЛЕАДЕР пристапот би значело зајакнување на локалниот економски развој воопшто на сите региони во Македонија. Иако почнува одамна, во 2012 година започнавме со делумна имплементација на пристапот и основање на локални акциони групи, но сега веќе треба да се придвижиме кон искористување на фондовите и навистина заживување на руралните средини“, кажа Марина Тошеска, ЛАГ Агро Лидер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien