Дваесет кандидати за нов Државен јавен обвинител

Денеска е последниот рок до кој Собранието преку пошта ќе ги чека и последните кандидатури за нов Државен јавен обвинител. Како што потврдуваат од Законодавниот дом, на огласот за јавен обвинител досега се пријавиле 20 кандидати. Откако ќе бидат прибрани сите кандидатури тие ќе бидат испратени во Советот на јавни обвинители.

 

Најмоќната обвинителска футеља ја меркаат познати адвокати, обвинители, универзитетски професори. Меѓу пријавените кандидати се адвокатите Ѕвонко Давидовиќ, Александар Тортевски, Александар Наков, нотарката Лорија Ваневска, професорот Сејфула Османи.

 

Вистинскита битка започнува откако ќе се објави огласот, по што Советот на јавни обвинители има рок од 15 дена од одлучи за кандидатурите, односно да даде свое позитивно или негативно мислење. Доколку Советот не даде мислење во рок од 15 дена, следуваат дополнителни 15 дена за мислење, по што, ако нема писмено известување, се смета дека мислењето е позитивно.

 

Владата потоа бира еден од кандидатите кој ги исполнува критериумите во огласот и добил позитивна оценка од Советот и го предлага во Собранието за избор. Премиерот Заев истакна дека би сакал независни кандидати, без партиски поврзаност да аплицираат за оваа многу важна државна функција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien