Алит Абази, независниот кандидат од Кичево им подлегна на повредите

Носителот на независна листа советници во Кичево Алит Абази кој беше застрелан во вооружен инцидент во Кичево утрово им подлегнал на повредите.

 

Абази беше нападнат од зад грб, додека бил со шефот на неговиот изборен штаб, Дестан Абдиу кој исто беше мета на напаѓачот.

 

Нападот се случи во центарот на Кичево. Абази неколку дена се наоѓаше во критична состојба на Одделот за интензивна нега на скопските клиники. Имаше сериозни повреди на абдоменалните органи и на р’бетниот столб.

 

Лицето кое пукаше во независниот кандидат за советник во општина Кичево, доби 30-дневен притвор. А.А. 58-годишен од кичевското село Горно Строгомиште, веднаш беше уапсен.

 

Полицијата извести дека тој инцидент не бил поврзан со изборниот процес, туку била приватна расправија на која и претходела и судски процес. Во тешкиот инцидент беа повредени три лица.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien