Уапсени 24 лица за незаконско делење субвенции

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска извести дека во акција со МВР се уапсени 24 лица. Тие биле осомничени за кривични дела против службената должност и овластувања. Акцијата е извршена во Скопје, Тетово, Гевгелија и Валандово.

„Со своето незаконско работење нанеле штета на Буџетот на Република Македонија во износ од околу 220.000 евра. Меѓу осомничените се 15 службени лица вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и подрачните единици на ова министерство, а останатите осомничени се физички лица и одговорни лица во правни лица во приватна сопственост. Основаното сомнение е дека во периодот од 2011 година до 2016 година осомничените службени лица ја искористиле својата службена положба или овластување и ги пречекориле границите на своите службени овластувања при склучување и раскинување на Договори за закуп на земјоделско земјиште. При преземањето на незаконитите дејствија биле помогнати од останатите осомничени лица. Во исто време, одобрувале исплата по Програмата за финансиска подршка во земјоделството – субвенции, на кој начин прибавиле корист за повеќе правни и физички лица на штета на Буџетот на Република Македонија“, велат од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе предлог за определување на мерка притвор против седум осомничени лица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien