ВИДЕО : По 9-ти пат ќе се одржи меѓународниот турнир во џудо „Прилеп Град Херој 2017“

Во недела на 8 октомври во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски“ по 9-ти пат ќе се одржи меѓународниот турнир во џудо за деца, пионери и кадети насловен како „Прилеп Град Херој 2017“. Манифестацијата е во организација на џудо клубот од Прилеп „Сеишин“ и Џудо федерација на Македонија.

 

 

„Секоја година се надоградуваме и сега стигнавме до едно ниво кое што е за почит. Пред се турнирот има карактер за борби на деца млади пионери и пионерки и кадети и кадетки. На овој меѓународен турнир ќе имаме присуство од повеќе држави, Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово, Грција и очекуваме потврда на два клуба од други две држави, но прво да почекаме да потврдат. Очекуваме 250 натпреварувачи, натпреварувањето ќе се одржи на три борилишта. Исто така клубот организатор има обезбедено благодарници, медаљи и пехари за победниците“, рече Дејан Џокоски, член на натпреварувачка комисија на џудо федерација на Македонија.

 

Главната цел на турнирот била ширење на џудото и негова популаризација како олимписки спорт и негово омасовување во Македонија. Прилеп пак може да се пофали како зачетник на џудото во Македонија.

 

„Турнирот ќе започне во 10 часот наутро и важно е дека турнирот ќе го отвори амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда и исто така ќе имаме претставници од македонската џудо федерација, балканската џудо федерација како и од светската џудо федерација кои се тука за прв пат во вид на ваков турнир да бидат кај нас“, кажа Гоце Николоски, претставник на организационен одбор за турнирот.

 

 

Киро Здравески, претседател на иницијативниот одбор на ветерани рече дека тие се приклучиле во организација на овој настан за да придонесат во подобра реализација на турнирот.

 

„Ние сме во постојан контакт и со другиите клубови во Македонија и сакаме што е можно поскоро да ја формираме лигата на ветерани. Ќе се обидеме за брзо време да направиме прво еден неофицијален турнир“, кажа Киро Здравески, претседател на иницијативниот одбор на ветерани.

 

Според правилата на џудо федерацијата при организација на турнири, еден клуб или турнир може да содржи до 3 старосни категории. Организаторите велат дека сите оние кои ги завршиле основните обуки, односно полагањето на жолтиот појас, каде што се совладуваат одредени вештини за да може да се настапи на турнирот сите ќе земеле учество со цел истите да се стекнеле со поголемо искуство.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien