Принципот на Парето може да ви помогне да ги остварите вашите цели

Многу малку работи се фрустрирачки како бесцелното трошење на време. Парето принципот може да ви помогне да ја зголемите вашата продуктивност, без разлика дали сте на работа или дома и да ги остварите вашите цели.

 

Веројатно сте слушнале за правилото 80/20, концепт според кој 80% од резултатите доаѓаат само од 20% од акциите кои ги превземате. Филозофот и економист Вилфредо Федерико Дамасо Парето, роден во Италија во 1848 година, е креаторот на овој концепт.

 

Според легендата, додека работел во својата градина Парето забележал дека само 20% од растенијата даваат дури 80% од здравите мешунки со грашак. Користејќи го тој податок, направил истражување на ниво на Италија и забележал дека 20% од населението поседува 80% од земјата во Италија.

 

Овој магичен мал сооднос се појавувал во било кое поле на истражување што ќе го направел Парето.

 

Како правилото на 80/20 се манифестира во вашиот секојдневен живот? Еве неколку податоци и примери каде што може да се примени теоријата на Парето:

 

– 80% од вашето време кога сте дома, поминувате во само 20% од вашиот дом

– 80% од приходите на вашиот бизнис потекнуваат од само 20% од вашите муштерии

– 80% од вашето време на мобилниот телефон го поминавате на само 20% од апликациите

– 80% од вашето време сте облечени во само 20% од вашата гардероба

 

Тајната во тоа како да го искористите овој принцип во ваша корист лежи во тоа да ги спознаете тие 20% во 80% од работите што ги правите. Доколку сте менаџер и забележите дека 20% од вашите работници придонесуваат во 80% од резултатите во вашата компанија, наградете ги тие работници. Доколку сте програмер и забележите дека 20% од баговите предизвикуваат 80% од падовите на вашата апликација, ваш приоритет ќе биде поправањето баш на тие багови. Доколку сте сопственик на мал бизнис и забележите дека 20% од вашите муштерии придонесуваат за 80% од вашите приходи, ќе се насочите кон задоволување на потребите на тие муштерии.

 

Поентата е дека треба да се фокусирате на тие 20% кои даваат најголем дел од резултатот, а не на тие 80% кои што се исто битни, но не колку првичните 20. Доколку успеете да го направите тоа, резултатите се неизбежни. На пример:

 

– Наместо да потрошите еден час пишувајќи одреден блог за кој што не сте сигурни дека е потребан, првите 10 минути потрошете ги во размислување и смислување на идеи, а останатите 50 во пишување на одбраната тема.

– Наместо да потрошите 3 часа мечејќи се на еден дизајн, направете 6 за тоа време, при што ќе потрошите по 30 минути за секој и одберете го најдобриот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien