Претрес на СЈО во кабинетот на Панчевски

Facebook
Twitter
Email
Print

По судска наредба, Специјалното јавно обвинителство изврши личен претрес кај лицето Владимир Панчевски и по петчасовниот претрес, специјалната обвинителка и нејзиниот тим го напуштија Кривичниот суд со запленети податоци од личниот компјутер и компјутерскиот систем за распоредување на предмети во Основниот суд Скопје 1.

 

 

СЈО се сомневало дека од почетокот на 2016 година сè до денес биле издавани тајни службени податоци поврзани со негови предмети. Истрагата треба да открие дали зад тоа стои едно лице или поголема судска мрежа.

 

Катица Јанева се сомнева дека Панчевски како претседател на Кривичен суд местел предмети на СЈО кај одредени судии и го злоупотребил АКМИС системот. Јанева го сомничи судијата за оддавање на службена тајна. Осомничени се и двајца информатичари кои биле поврзани со АКМИС системот.

 

„СЈО изврши претстрес кај лицето Владимир Панчевски и со друга наредба на судот ги одзеде сите податоци од компјутерскиот систем на споредување на предмети во Основниот суд. Се местеле предмети на СЈО преку АКМИС системот и се издавале податоци за други лица во јавноста и други заинтересирани странки, службени податоци“, вели Јанева.

Ревизијата на АКМИС системот која ја спроведуваат експертите доаѓа по препораките од Прибе кој посочува дека имало злоупотреби и местење на политички подобни судии во одредени предмети. СЈО се сомнева дека Панчевски како претседател на Кривичен суд местел предмети кај одредени судии и го злоупотребил АКМИС системот кој електронски требало да ги дели предметите. Ова местење најчесто било злоупотребувано токму за предметите на СЈО.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи