ВИДЕО : Гугл направи слушалки кои можат да преведат 40 странски јазици

Новите Pixel Buds слушалки на Гугл може да превадат дури 40 странски јазици, користејќи ја постоечката Гугл транслејт технологија. Се што треба да направите е да го задржите десното ушно перниче и да кажете: ‘Помогни ми да зборувам француски’. Додека зборувате, звучникот на вашите слушалки ќе го каже гласно преводот на француски.

 

 

Слушалките беа успешно демонстрирани на промоцијата во Сан Франциско што се одржа овој викенд. Со нив, му се овозможува на англискиот говорник, на пример, да има непречен разговор со шведски говорник.

 

Цената на овие слушалки е 179 евра и тие наголемо и го свртеа вниманието на јавноста. „Овие слушалки овозможуваат да имаш свој личен преведувач со тебе насекаде”, велат од Гугл.

 

Pixel Buds се компатибилни со Пиксел и Андроид телефони со верзија 7.0 Нугат или повисоко. Достапни во црна, бела и сина боја.

 

Сепак, постојат неколку други слушалки за превод на јазици кои се достапни на пазарот, како што на Waverly Labs и One2One, но Pixel имаат огромна предност бидејќи услугата за превод на Гугл е подоверлива и има огромна корисничка база.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien