Вештачката интелигенција веќе влезе во светот на новинарството, а натаму би можела да стане и замена и „егзистенцијална закана“ за новинарската професија, стои во најновата студија на американскиот институт „Фјучр тудеј“.
Во истражувањето се наведува дека некои организаци веќе користат вештачка интелигенција за пишување статии врз основа на податоци како што се спортски резултати или финансиски извештаи. И, сето тоа без човечка помош.
До 2023. година 50 отсто од интеракцијата меѓу луѓето и компјутерите ќе биде гласовна, така што новинарот ќе може и само да ѝ го „издиктира“ на машината тоа што таа треба да го напише.