Поврзување на Балканот со електрифицирани автопатишта

Facebook
Twitter
Email
Print

Електрификација на автопатиштата во регионот за да се стимулира употребата на електрични автомобили. Ова е проектот насловен како Едисон, кој ќе биде најавен на Самит 100 што ќе се одржи во Скопје на 16-ти и 17-ти овој месец.

 

На денешната прес конференција за претстојниот Самит 100 во Скопје беше истакнато дека средствата за реализација на Едисон се обезбедени од ЕУ, а на конференцијата треба да бидат соопштени повеќе детали од страна на еврокомесарката за транспорт Виолета Булц.

 

Планирано е да се воведе електрификација на патна инфраструктура во должина од 2.400 км., што ги поврзува сите поголеми градови од регионот. Платформата на проектот е настаната во Словенија 2015 година.

 

На Самит 100 во Скопје меѓу главните говорници ќе биде еврокомесарката Булц на која ќе и се придружат реномирани бизнис лидери, претставници на водечките компании од регионот како Хидрија, АСА Груп, Атлас фондација, Атлантик група, Горење, БМВ, Подравка, Филип Морис, ББИ, Убер, Бамби и други, но и претставници од меѓународни финансиски инститиуции како Европската банка за обнова и развој, Меѓународната финансиска корпорација, Европската инвестициска банка, Светската банка и многу други претставници од бизнис сектор.

 

Според претседателот на УО на Самит 100 и генерален директор на Алкалоид, Живко Мукаетов, настанот е уникатен и отвора можности за вистинска поврзаност и искористување на заедничкиот потенцијал на земјите од регионот.

 

„Самит 100 е создаден како регионална иницијатива и токму затоа членови во нашиот УО се претставници на стопанството од целиот регион на ЈИЕ. Како претседател на УО, но и како директор на компанија која работи регионално и меѓународно, свесен сум за силата и значењето на заедничкиот настап и поврзаноста на нашите земји. Имено, гледано во светски рамки нашите пазари се мали, но обединувајќи ги интересите и капацитетите во заеднички настап можеме да бидеме сериозно меѓународни конкурентни и истовремено да го свртиме вниманието на глобалниот бизнис кон инвестицискиот потенцијал на земјите од Западен Балкан, Хрватска и Словенија. Како домаќин на овогодинешниот Самит 100, навистина ми е драго што енергијата е препознаена од голем број бизнис и политички лидери кои ги очекуваме во следните денови во Скопје, рече Живко Мукаетов, претседателот на УО на Самит 100..

 

Самитот официјално ќе го отворат претседателот на Бордот на Самит 100 Живко Мукаетов и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а ќе биде одржан и панел со премиерите на земјите од регионот. Потврдено е присуство на премиерот на Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово и Хрватска, се очекува потврда и од БиХ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи