Традиционална крводарителска акција по повод празникот „11 Октомври“

Денеска во просториите на Домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа веќе традиционалната крводарителска акција по повод големиот национален празник „11 Октомври“.Акцијата е организирана од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст на Р. Македонија.

 

„Ова е традиционална акција на која прилепчани секоја година ја покажуваат својата хуманост и се надеваме дека ќе собереме повеќе единици од планираната бројка и уште еднаш да ги пофалиме граѓаните на Прилеп како добри крводарители. Ги повикуваме сите кои не се започнати со дарување на крв да ни се вклучат семејството на крводарители и да даруваат крв. Дарувањето на крв за здрав организам нема никаква штета, но со тоа се покажува голема хуманост и се спасуваат човечки животи.“, рече Анита Божинова Петковска, Институт за трансфузиона медицина на Р. Македонија.

 

 

Крводарители велат дека даруваат крв од хумани причини за да спасат некој човечки живот.

 

„44 пати имам дадено досега крв во знак на хуманост и желба да се спачи нечиј живот. Започнав да дарувам крв уште во средно училиште. Тогаш дарувавме крв за да добиеме слободни денови, но сега причината е сосема друга“, Томе Здравески, крводарител

 

„Денеска дадов крв по 41 пат, се чувствувам одлично. Дарувам од хуманитарна причина за да спасам човечки живот. Сакам да му помогнам на тој што има потреба. И се чувствувам здравствено подобро кога дарувам крв, Владо Стеваноски, крводарител.

 

Од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст на Р. Македонија се надеваат дека до крајот на акцијата ќе се соберат 50-тина крвни единици.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи