Убедлива победа на Македонија над Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација со победа од 4:0 над Лихтенштајн го заврши квалификацискиот циклус за Мундијалот што следната година ќе се игра во Русија.

 

Репрезентативците во целост ја оправда фаворитската улога и со по два гола во првото и второто полувреме, сосема заслужено ги освоија трите бода. Во листата на стрелците се запишаа: Висар Муслиу, Александар Трајковски, Енис Барди и Аријан Адеми.

 

За Македонија ова беше прв триумф по осум натпревари на домашен терен и три години без полн погодок.

 

И покрај оваа победа Македонија квалификациите ги завршува на 5-то место во Г- групата, но за разлика од претходните циклуси, сега со многу позитивни впечатоци и надеж дека оваа генерација во следните квалификации има квалитет и знаење за многу подобар пласман.

 

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски на десетте средби остварија три победи, два натпревара одиграа нерешено, а од петте порази три можеа да се избегнат со малку повеќе среќа.

 

На другите две средби од последното коло во оваа група минимални победи за гостите:

Италија – Албанија 0:1
Израел – Шпанија 0:1

 

Табела:

 

Шпанија 28 бода

Италија 23

Албанија 13

Израел 12

Македонија 11

Лихтенштајн 0

 

Шпанија избори пласман на Мундијалот, Италија ќе игра во баражот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien