Болните од дијабетес бараат Агенцијата за лекови да каже од каде се набавува инсулинот, дали гарантира за неговата безбедност и каде е испитуван инсулинот што го користат пациентите во Македонија. Од Асоцијацијата за детски дијабет Баланс МК и други здруженија на дијабетичари најавија дека ќе бараат прецизна морална и кривична одговорност доколку Агенцијата за лекови не одговори на овие прашања.
Овие здруженија се сомневаат во квалитетот на инсулините што фирмите набавувачи (“Зегин“, “Елбиор“, “Пановски“, “Фарматрејд“ и “Феникс“), како и фирмите складиштари и транспортери, им ги нудат за користење на лицата со дијабетес. Тие велат дека е зачестена појавата на нефункционалност на инсулините во изминативе три години.
Тие велат дека е зачестена појавата на нефункционалност на инсулините во изминативе три години. Од Агенцијата за лекови пак соопштија дека ќе ги проверат инсулините кои се користат во Македонија.
„Секое одлоговлекување и релативизирање на проблемот за нас ќе бидат повеќе од јасен одговор, по што ќе бараме прецизна морална и кривична одговорност. Оти овде се работи за живот. Агенцијата за лекови по подолг период се одзва на барањето на дијабетичарите да ги провери инсулините кои се користат во земјава, барем така јавно соопшти директорот на агенцијата, Роберт Бекироски. Тој кажа дека токму оваа вонредна контрола на инсулините била причината, или оправдување, зошто имаме полумесечна криза за инсулин, од кој се зависни 40.000 пациенти. Бараме Агенцијата за лекови детално и јавно да каже што покажа оваа вонредна контрола “, велат Од „Баланс МК“.
Баланс МК бара да се извршат итни детални проверки и вонредни инспекциски контроли на:
- Потеклото на инсулинот и гаранцијата дека инсулинот бил соодветно чуван до моментот на преземање од увозниците;
- Проверка на на сите температурни исписи од дата-логери во рамки на т.н. студен ланец на транспорт;
- Проверка на температурни записи на складиштење на овој лек со компаративна проверка согласно законската обврска на чување и документирање на температурни записи во изминатиот неколкугодишен период (5 години според законските прописи и регулативи).
„Како и каде е испитуван инсулинот? Во Македонија не постои лабараторија за анализа на активната супстанца, односно на содржината на инсулините? Лаборатијата на Институтот за јавно здравје не врши испитувања на сите параметри, ниту пак на биолошки лекови во кои спаѓа инсулинот. Тоа не го прави ниту лабораторијата на Фрамцевскиот факултет“, велат здруженијата.