Новото „растегливо лепило“, создадено од американски и австралиски медицински инжинери, кое што треба да служи како замена за медицинските конци кои што се користат после операции, може да затвори рана за само 60 секунди!
Лепилото кое што е наречено „МеТро“ е создадено од природен протеин наречен тропаеластин и може дирекно да биде нанесено на отворената рана, што секако може да биде критично во одредени случаи за спасување на еден човечки живот, а неговата еластичност му овозможува да функционира беспрекорно како на подвижните делови од телото, така и на внатрешните органи.