Денеска во Домот за култура „Марко Цепенков“ во организација на ООУМ „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп по повод празникот „11 Октомври“ беше организиран „Музички маратон“. Оваа манифестација се организира за прв пат.
На маратонот настапија 40-тина деца кои свиреа на пијано. Настанот беше и од натпреварувачки карактер, а поуспешните ученици добија и награди.
Организаторите се надеваат овој настан во иднина да прерасне во традиција.