НЕВЕРОЈАТНО : Ја држи подигната раката цели 45 години

Махант Амар Бхарти Ји од Индија ја нема спуштено десната рака цели 45 години. Тој вели дека тоа го прави за мир во светот, но сепак постојат различни верзии зошто тој се одлучил на овој чекор.

 

Една од верзиите е таа дека тој се откажал од својата рака за да се оддели од задоволствата на смртниот живот. Сега мускулите на неговата десна рака се целосно атрофирани, и таа стои во вертикална положба, но сепак тој е определен во неговата кауза :

 

„Сакам сите Индијанци да живеат во мир. Сакам целиот свет да живее во мир “, вели тој.

 

 

Три години пред да ја крене раката, тој го напуштил семејството, пријателите и својата работа како службеник за да се посвети на религиозни верувања. Но, почувствувал дека сѐ уште е поврзан со неговиот стар живот и одлучил да ја крене раката како знак на посветеност. Резултатот од неговата жртва е бескорисна рака и згрчени нокти.

 

Зборувајќи за својата одлука, тој вели: „Не барам премногу. Зошто се бориме меѓу нас, зошто имаме толку многу омраза, непријателство едни против други? “

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien