Почнува регионалниот бизнис Самит 100 во Скопје

Денес во Скопје почнува шестиот по ред регионален бизнис САМИТ 100 на лидери од Југоисточна Европа. На дводневниот самит ќе учествуваат над 150 бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Косово.

 

Официјално самитот ќе го отвори Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид АД“ Скопје и претседател на управниот одбор на САМИТ100 и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.

 

Поврзувањето е клучната тема на Самит 100 во Скопје, односно поврзување во различни области и на различни нивоа. Еден од главните говорници ќе биде еврокомесарката за транспорт Виолета Булц на која ќе и се придружат реномирани бизнис лидери, претставници на водечките компании од регионот како Хидрија, АСА Груп, Атлас фондација, Атлантик група, Горење, БМВ, Подравка, Филип Морис, ББИ, Убер, Бамби и други, но и претставници од меѓународни финансиски инститиуции како Европската банка за обнова и развој, Меѓународната финансиска корпорација, Европската инвестициска банка, Светска банка и многу други претставници од бизнис сектор.

 

Премиерот на Македонија Заев ќе има свое излагање на тема: „Нов договор за новото време, или, дали регионот е подготвен за натпревар на глобалната сцена“. На самитот ќе се зборува за енергијата, за економиите засновани на знаење, за брендирањето, за дигиталната економија и за стратегиите за поврзување на регионот и за заеднички иницијативи во областа на туризмот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien