ВМРО-ДПМНЕ: Хаос и незаконие – Ова е животот кој го ветуваше СДС

Напад со нож, запален автомобил, пукање со огнено оружје се случија за само 24 часа по завршување на изборниот ден. Ова е животот кој го ветуваше СДС.  Хаосот и незаконието продолжуваат и по изборите. Ова во соопштение го истакнаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Нападот со нож врз претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски од страна на лица блиски до СДС е обид за политичко замолчување, кое не смее да остане неказнето. Надлежните институции треба веднаш да реагираат и да го расветлат целиот случај во најбрз можен рок. Физички напад врз политички опонент е напад врз демократијата, слободната мисла и правната држава и како таков мора да биде санкциониран. Запален автомобил на симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче само неколку часа по завршувањето на изборите. Аздисаноста на криминалните структури блиски до СДС по изборите не запира, од медиумите видовме фотографии како двајца активисти на партијата се сликале со пиштоли пред штабот на партијата во Бутел. Според информациите објавени во медиумите активистите на СДС во Бутел во неделата вечер пукале со пиштоли и создавале хаос низ Бутел“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Инаку денеска откако Јавното обвинителство се изјаснило дека нема кривично дело за инцидентот кој се случи во неделата вечерта, кога претседателот на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, беше со нож нападнат, тој изјави дека ова било очигледен пример како се штителе криминалците.

 

„Ние сме сведоци дека за време на изборниот ден, кога се уште се броеја резултатите, дека нашиот штаб беше грубо нападнат од активисти на Социјалдемократскиот Сојуз. Верувале или не истите досега не се повикани на разговор, кога истите извадија лисици, потоа извадија нож скакавец, кои се обидоа физички да се пресметаат со наши колеги, вербално не навредуваа и не напаѓаа, се закануваа со убиство и можете да замислите вечерта Обвинителството се изјаснило дека тука нема кривично дело. Промената на обвинителот на значи заштита на криминалците, особено оние кои што ни ги трујат нашите деца во Општина Карпош и кои што разнесуваат, трафикуваат дрога и кои што се затворски повратници. Само сакаме да кажеме, затоа ли ги пуштивте пред месец и пол, да доаѓаат, да не колат по улиците и да можат полесно да разнесуваат дрога“, изјави Јакимовски.

 

Јакимовски порача дека тие како опозиција ќе продолжеле да се борат против сите девијантни појави во Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien