Заев: Не размислувам за предвремени парламентарни избори

Денеска на заедничката прес-конфернција со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, премиерот Зоран Заев изјави дека не размислува за предвремени парламентарни избори бидејќи приоритет во моментов било завршување на локалните избори кои се во тек, а нивниот досегашен резултат го охрабрувал да се фокусира на носење сериозни одлуки, меѓу кои и за прашањето за името на транспарентен и инклузивен начин.

 

„Не размислувам за предвремени парламентарни избори бидејќи се уште се во тек локалните избори, а наш приоритет е тие на 29-ти да завршат комплетно регуларни и кредибилни како и во првиот круг оти само тогаш Македонија победува. Веројатно ќе ги носиме одлуките по 29-ти. На оваа поддршка гледам како поддршка за работа, а не пак за избори. Резултатите од локалните избори ми даваат дополнителна храброст за носење одлуки вклучувајќи го и решавањето на спорот за името. Македонија има сериозни одлуки пред себе и треба да ги носи на еден транспарентен и инклузивен начин, меѓу другото и одлуките за проблемот којшто Грција ги има со нашето уставно име“, рече Заев.

 

Тој потсети дека го повикал посредникот во разговорите Нимиц уште во ноември по изборите да излезе со нови предлози и идеи за надминување на спорот за името.

 

„Јас го повикав медијаторот Нимиц уште во ноември после изборите да дојде со нови предлози, идеи и со можни решенија по што би навлегле во нивно решавање и би ја повикал опозицијата да учествува во ова прашање, институциите на системот, но во функција на изнаоѓање решение, а не на негово одложување. Затоа што навистина сакаме Македонија да стане 30-та членка на НАТО и затоа што е значајно одлуките што ЕУ ќе ги носи на пролет е одлична можност да почнеме преговори, а сите знаеме дека мораме да направиме нешто со овој сензитивен проблем како наметнат од грчка страна. Градењето на пријателството со Грција што го имавме сите овие месеци наназад дополнително мене лично и другите министри во Владата не охрабрува дека треба да влеземе во клинч на решавање на овој проблем притоа секако внимавајќи на нашата поставеност и нашето место во поглед на изнаоѓање решение. Сигурен сум дека по изборите ќе има попрецизни и поконкретни и стратегии и правци, но сигурен сум ќе се разговара за решавање на овој проблем“, доаде Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien