Од 0 до 400 км/ч за неполни 27 секунди!!

Koenigsegg му покажа на Bugatti кој е новиот „шериф“ во градот.  Шведскиот произведувач на хипер автомобили Koenigsegg внимателно го следеше потфатот на својот лут ривал Bugatti, кој со Chiroн постигна нов светски рекорд само пред неколку денови, рекорд кој не траеше долго.

 

Моделот Agera RS успеа да постигне брзина од место до 400км/ч  за импресивни 26,88 секунди, при тоа поминувајќи дистанца од 1.958 метри, а за 9,56 секунди подоцна целосно сопре, односно за целиот потфат беше потребно 36,44 секунди и 2.441 метар.

 

За споредба, рекордот на Bugatti Chiron изнесуваше 41,96 секунди на делница од 3.112 метри.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien