Грчката полиција ги привела Грујевски и Бошкоски во Солун

Грчката полиција постапувајќи по меѓународната потерница ги открила двајцата бегалци обвинети од СЈО Горан Грујевски и Никола Бошкоски во Солун. Како што синоќа објави Телевизија 24 , двајцата поранешни началници во МВР, кои неколку месеци беа во бегство, по откриввањето биле веднаш притворени.

 

Инаку МВР се уште нема добиено официјална потврда од грчката полиција за апсењето на поранешните началници Горан Грујевски и Никола Бошковски.

 

Грујевски е поранешен началник на 5-тата управа и обвинет во случаите „Тврдина-Таргет“ и „Тврдина 2“, а Бошкоски подолго време му бил заменик во Управата која е задолжена за следење на комуникациите.

 

На двајцата им беше определен притвор, но кога тој требаше да се спроведе, нив ги снема и во бегство беа 84 дена.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien