Иванов: Денешниот празник е симбол за непокорот и борбата на македонскиот народ за слобода и независност

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

 

„Одбележувањето на празникот на македонската револуционерна борба е симбол на долговековниот непокор и борба на македонскиот народ за слобода, државност и независност. Корените на македонската револуционерна борба започнуваат со формирањето на Македонската револуционерна организација, на 23 Октомври 1893 година, кога шестемина македонски дејци ги обедини една визија за исполнување на вековниот сон – слободна Македонија.

 

Патот до слободата беше исполнет со предизвици, но нивната сплотеност и решителност за остварување на своите идеали им даде сила да истраат пред тешкотиите. Пламенот што го разгореа револуционерите го презедоа илинденците, борците во Народноослободителната и антифашистичка борба и АСНОМ-ците кои го остварија стремежот за слободна македонска држава.

 

Без 23 октомври 1893-та не ќе беа можни ниту трите светли Илиндени од 1903-та, 1944-та и 1991-та. Наша должност е да им оддадеме почит на нашите борци за слобода и независност, следејќи го нивниот пат. Како следбеници на нашите предци, почитувајќи ја историската реалност, треба да создадеме иднина за нашите потомци. Почитувани сограѓани, нека ни е честит празникот! Да живее Република Македонија“, порача претседателот Иванов.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи