Прилеп го одбележа државниот празник 23 –ти Октомври

По повод одбележувањето на државниот празник 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегација од локалната самоуправа на општина Прилеп и претставници на политичките партии положија свежо цвеќе пред споменикот на: Методија Андонов – Ченто, Ѓорче Петров, Пере Тошев, гробот на Тошев кој се наоѓа во црквата Св.Благовештение, а свежо цвеќе беше положено и на гробот на  Методија Патчев, во Кадино село.

 

При оваа пригода беше истакнато знaчењето на овој празник за македонскиот народ и беше потенцирана важноста од зачувувањето на интегритетот и суверенитетот на Р. Македонија.

 

Македонија годинава по 10–ти пат го празнува 23-ти Октомври како државен празник. Празникот се празнува како ден кога во 1893 година, Иван Хаџи Николов, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Хрсто Ботанџиев го формирале Македонскиот револуционерен комитет, од кој подоцна произлезегла Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО).

 

Организацијата се борела за ослободување на Македонија. Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење , кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа и преку НОВ резултираше со создавање на модерна самостојна македонска држава.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи