Норвешка го гради првиот подводен ресторан во Европа

Првиот подводен ресторан во Европа, кој ќе биде лоциран во Норвешка, ќе даде сосема ново значење на изразот ресторан со убав поглед.

 

Ресторанот е дизјаниран од страна на норвешката компанија Snøhetta, која е позната по својот дизајн на Норвешката национална опера и балет, како и библиотеката „Александрија“ во Египет. Носејќи го името „Under“, ресторанот ќе се наоѓа пет метри под нивото на морето и покрај неверојатниот поглед кој што ќе го нуди, истовремено ќе служи и како истражувачки центар за морскиот свет.

 

Ќе биде лоциран во близина на селото Бали, во најјужниот дел на Норвешка. Ѕидовите ќе бидат бетонски и ќе бидат дебели еден метар, со цел да го издржат притисокот од водата, додека панорамскиот прозорец долг 11 метри ќе биде акрилен и ќе биде специјално направен за да се спои со подводната атмосфера и да понуди уникатен поглед на морската флора и фауна.

 

„Еден од бенефитите на овој ресторан ќе биде тоа што ќе ја поврзува природата на копното и водата и тоа што сосема безбедно, а истовремено и драматично, може да се допре до природата под нивото на морето и да ја доживее на еден несекојдневен начин“ истакна Руне Грасдал, водечки архитект на проектот.

 

Туристите ќе може да очекуваат три нивоа и капацитет до 100 гости. Под влезот ќе биде поставен барот за шампањ, да го означи преминот од копно под вода. Понатаму ќе следи ресторанот, каде пред акрилното стакло високо 4 метри ќе бидат поставени две долги и неколку пократки маси и каде посетителите ќе можат да уживаат во локална храна приготвена од данскиот готвач Николај Елицгаард Петрсен

 

Грасдал истакна дека посетителите треба да се чувствуваат безбедно, а не клаустрофобично. За таа цел во обзир се земени голем број на елементи, како употребата на локални природни материјали при внатрешното уредување и посебното осветлување.

 

„Треба да биде посебно искуство, но луѓето треба да се чувствуваат безбедни и расположени додека се наоѓаат во ресторанот“, истакна Грасдал.

 

Дизајнот е направен во соработка со екологистите, па така дебелите бетонски ѕидови ќе бидат конструирани со рапава, груба површина за да можат школките и останатиот морски свет да се прикачат на истите. Со изградба ќе се започни во февруари 2018, а се очекува да биде завршен на почетокот од 2019 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.