ВИДЕО : Додека францускиот претседател држел состанок неговото куче уринирало пред присутните во Елисејската палата

Додека претседателот на Франција Емануел Макрон разговарал со тројца француски функционери во својата канцеларија во Елисејската палата, во просторијата се појавил неговиот домашен миленик, лабрадорот Немо, и почнал да уринира покрај каминот.

 

Реакцијата на кучето предизвикала смеење помеѓу присутните.

 

„Се прашував откаде доаѓа таа врева”, прокоментирала секретарката.

 

Еден од присутните го запрашал Макрон дали ова често се случува?

 

„Не, предизвикавте потполно необично однесување кај моето куче”, рекол Макрон, смеејќи се на настанатата ситуација.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи