Девет милиони евра кои ги дава Светска банка стојат неискористени

Facebook
Twitter
Email
Print

Иако има на располагање вкупно 9,5 милиони евра од Светска банка за иновативни проекти, Македонија досега искористила само девет проценти.

 

Парите треба да се искористат до средината на 2019 година, а во спротивно ќе треба да се побара продолжување на рокот,  но не е добро ниту за државата ниту за економијата ако не може да покажат капацитет да апсорбираат десет милиони евра, потенцира директорот на Фондот за иновации и развој Јован Деспотовски .

 

Финансирани се 20 до 25 проекти кои вели Деспотовски, се многу мали и се претежно од ИТ индустријата. Клучни причини за слабата искористеност, според него, се слабата информираност, ниското ниво на свест што е иновацијата и кои се можностите таа да биде финансирана и инструментите што им се на располагање на компаниите.

 

Како што најави Деспотовски, во соработка со Светска банка ќе се подготви комуникациски план преку кој ќе се работи на зголемување на свеста за реализација на иновациите, на проширување на пазарот за пласирање на средства, односно покрај старт-ап фирмите да се зголеми интересот и на малите и средни компании што постојат подолго на пазарот и имаат капацитет. Ќе се работи и на зголемување на опфатот на секторите од кои сега доминира информатичката технологија.

 

„Фондот ќе понуди практична поддршка на тие што имаат добра идеја како да ја стават на хартија согласно критериумите на Фонодот кои ги дефинираме заедно со Светска банка, која ни е финансиски партнер, да можат успешно да го поминат процесот на аплицирање, да го потпишат договорот, да ги добијат средствата и понатаму, повторно со техничка помош од Фондот, да можеме проектите да ги доведеме до успешна реализација“, изјави Деспотовски.

 

Тој учествуваше на денешната трибина за комерцијализација на иновации во рамки на 43.издание на Меѓународниот саем „Технома“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи