Новата македонска влада нема намера да ја смени политиката на затворени врати кон бегалците. Ова во изјава за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ го истакна министерот за надворешни работи на Р. Македонија, Никола Димитров.
Она што останува како дилема, пишува весникот, е како новиот премиер Заев ќе се однесува кон граничната ограда изградена во 2016 година од неговиот претходник Груевски.
„Македонија е одговорен и веродостоен партнер партнер на ЕУ и понатаму ќе прави сѐ што е во нејзина моќ, за да ја држи затворена Балканската рута. Тоа е во интерес на Македонија, на Европа и на мигрантите, кои најмногу страдаа во хаотичната и несредена ситуација во 2015 година. Скопје ќе продолжи, со помош на полициите од повеќе ЕУ држави, да ја штити македонската граница“, вели Димитров за ФАЦ.