Прелетал 24 километри со обични балони, врзани за столче за кампување

Aнглискиот авантурист Том Морган реши да полета само со помош на обични балони полни со хелиум. Тој со само 100-на балони врзани за столче за кампување се издигнал 2,5 километри во воздух и прелетал 24 километри.

 

Речиси два дена поминал во полнење на балоните со хелиум. Летот го опишал како магичен.

 

„Проблем беше да се начекаат добри временски услови, но и заштитата на балоните кои постојано пукаа“, изјавил Морган по комплетирањето на летот.

 

Претходно имал три неуспешни обиди во Боцвана пред конечно да успее во Јужна Африка, северно од Јоханесбург.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи