Од денеска ветувањето за евтина тарифа на струјата е целосно исполнето. Секое домаќинство може да користи евтина тарифа на струјата секој ден од 14 до 16 часот, како и од 22 часот в сабота до 7 часот в понеделник. Ова значи пониски сметки за електрична енергија и повеќе пари во семејните буџети, соопшти СДСМ.
„Укината е и радиодифузната такса, со што дополнително се намалуваат трошоците за живеење и остануваат повеќе пари кај граѓаните. Владата предводена од СДСМ продолжува со одговорното, домаќинско и транспарентно работење, што обезбедува можности за сите и повеќе пари кај граѓаните“, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека по заокружувањето на промените на локалните избори, таквиот пристап во работата продолжува и на локално ниво кога новите општински администрации предводени од СДСМ ќе работат одговорно и во интерес на сите граѓани.