„Into the darkness“, фотографија на Марјан Темовски од Прилеп е избрана меѓу трите најдобри фотографии на конкурсот на ЕХО Фестивал на планински филм.
„Благодарност до жирито за изборот! Желбата со конкурирањето ми беше пештерите да се застапени на конкурсот. Ова е повеќе од што очекував“, пишува на својот ФБ профил Темовски.
Честитки за наградата до Темовски и од редакцијата на Инфо Компас.
Другите награди од ЕХО Фестивал на планински филм за фотографија се :
1. место – Karadzica Peaks Автор: Доријан Миловановиќ
2. место – At 6AM/Во 6 часот наутро Автор: Елена Маркова
3. место – Into the darkness Автор: Марјан Темовски
Трочленото жири кое работеше на филмскиот сегмент од фестивалот составено од Ендру Гудспид, Професор Др. Ферид Мухиќ и Влатко Галевски, пак, имаше задача да ги одбере најдоброто кратко видео од конкурсот, како и најдобрите краткометражни и долгометражни филмови.
Најдобро кратко видео – „Очи” – Александар Панајотов
За најдобро видео беше одбрана инспиративната и длабоко емиционална приказна која се обработува во видеото насловено како „Очи” на Александар Панајотов, а специјална одлика доби видеото HIKE & FLY на Горан Кузмановски.
Специјална одлика – HIKE & FLY Горан Кузмановски
За најдобар краткометражен филм беше избран фантастичниот Being Hear на Палмер Морс, а Гранд При наградата за најдобар долгометражен филм ја доби Одметник – легендата за Фред Беки на режисерот Дејв О’Леск. Специјална одлика доби филмот Во Гора на Енди Колет со кој и беше затворено ова издание на ЕХО.