Узбекистанец го извршил терористичкиот напад во Њујорк

Facebook
Twitter
Email
Print

Сајфуло Хабибулаевич Саипов, имигрант од Узбекистан, стигнат во САД со лотаријата на зелена карта и такси возаче напаѓачот кој синоќа со пикап прегази 8 мина на Менхетен, а повреди десетици.

 

Напаѓачот е најверојатно „осамен волк”, кој при извршувањето на нападот викал „Алах Акбар” и користел пикап земен под наем.

 

Инаку вчера Саипов влегол во пешачка патела, во близина на споменикот посветен на нападот врз Светскиот трговски центар, прегазил неколку луѓе и со возилото удрил во училишенавтобус.

 

Тој по нападот излегол од возилото и по кратка потера е застрелан во стомакот од полицаец.

 

 

Висок полициски функционер изјави дека во камионетот била пронајдена порака, напишана на англиски јазик во која се наведува дека нападот е извршен во името на „Исламска држава“.

 

Ако Европа на некој начин веќе се навикна на терористичките напади со користење на автомобили и камиони од џихадистички „волци самотници“  како оние во Ница, Берлин, Лондон, Стокхолм, овој напад во САД е прв после 11 септември 2001 година.

 

 

Веднаш по отстранувањето на Узбекистанецот градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио го нарече инцидентот во Менхетен „кукавички чин на терор”. “Според информациите што ги имаме тоа е чин на тероризам, особено грд терористички чин”, рече градоначалникот,  и додаде дека „најверојатно терористот немал соучесници. Ова е акција на осамен волк”, рече де Блазио.

 

Од претходните слични напади со камиони во Европа, експертите забележале дека се  прават џихадисти од т.н. „заспани  ќелии”. Ова се мали групи на радикални муслимани, кои на прв поглед се прилично обични имигранти. Подоцна, сепак, тие се чини дека се фанатични приврзаници на Исламската држава, подготвени за самоубиствени бомбашки напади.

 

Разликата меѓу крвопролевање во Менхетен и нападите со камиони во Европа, е дека Узбекистанецот размавтувал со лажно оружје, додека џихадисти во Европа продолжуваа да колат или да убиваат и откако камионите ќе им застанат обидувајќи се да го зголемат што е можно повеќе бројот на жртви.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи