Самит „Македонија 2025“: Најавени нови инвестиции

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Над 400 гости, бизнисмени од земјава и од странство се собраа во Скопје. Втор ден самит „Македонија 2025“. Дијаспората најави нови инвестиции. Домашниот пазар го скенираат и глобални компании.

 

Македонија може да стане центар за паметни индустрии. Земјава има квалитетен кадар и соодветна инфраструктура- оценија говорниците на вториот ден од Самитот „Македонија 2025“. Успешните Македонци во светот ги споделија последните трендови во бизнисот, лидерството и иновациите.

 

Според Влахо Костов, извршен директор за истражување и развој и раководител на Централна и Источна Европа и на медитеранскиот регион во „Панасоник“ Германија, за развој на паметни технологии во Македонија има добар кадар и соодветна инфраструктура.

 

„Со знаењето што сме го стекнале тука сме конкурентни на светските пазари и зошто да не го примениме во Македонија. Проблемот со одливот на мозоци не е само на Македонија. За разлика од порано, сега е многу полесно да се направи нешто со поголем импакт глобално. Повеќето ИТ идеи, технологии и апликации можат да се прават каде било и не се поврзани со географска одредница. Имаме предност со добро развиена инфраструктура, интернетот во Македонија, иако економијата можеби не соодветствува. Инфраструктурата може да помогне бидејќи повеќето од идеите без оглед дали е тоа старт ап, или нешто друго од ИТ секторот, можно е со многу малку средства да се направат во Македонија“, рече Костов.

 

Билјана Марковиќ-Стаменова, извршна директорка на организацијата Македонија 2025, потенцира дека голем број Македонци од дијаспората кои се присутни на Самитот се заинтересирани за инвестииции.

 

„Имаме голем број заинтерирани инвеститори од дијаспората и овде работиме на тоа да ги осигураме дека во земјава има добри кадри со кои можат да соработуваат и да го планираат нивниот натамошен развој. Досега има 100-ина позначајни инвестиции од дијаспората во Македонија“, рече Марковиќ-Стаменова

 

Во Македонија досега има 100-ина инвестиции од дијаспората. Самитот станува препознатлив регионален бренд- велат организаторите.

 

Околу 50 говорници од 25 земји се дел од шестиот Самит „Македонија 2025“. Пред македонските бизнисмени ги презентираа најдобрите светски практики за технологиите на иднината, социјалните медиуми, поттикнувањето на претприемништвото.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи