Со скандирања „УЧК“ и барање за меѓународна истрага помина протестот против пресудите за „Диво насеље“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Со транспаренти на албански јазик и скандирања „УЧК“ и „Косово“, под големо полициско обезбедување, помина протестот на стотина лица против пресудите за случајот “Диво насеље“.

 

Од плоштадот Скендер бег во Скопје демонстрантите се упатија до Кривичниот суд, скандирајки „УЧК“, „УЧК“. Дел од нив носеа албански знамиња,транспаренти и слики од осудените лица, како и од убиените од вооружента група која во кумановската населба Диво насеље во мај 2015 година се судри со безбедносните сили.

 

Учесниците на протестот велат дека излегле на улица поради двојните аршини на судот и бараат меѓународна истрага за целиот случај. Побараа да се расчистат и други случаи како „Монструм“ и „Бродец“. Демонстрантите кратко се задржаа пред Кривичниот суд и потоа се разотидоа.

 

 

Во четвртокот Основниот суд Скопје 1 на обвинетите за настаните на 9 и 10 мај, 2015 во кумановската населба Диво насеље во кои загинаа осуммина припадници на безбедносните сили, одреди седум доживотни казни затвор, 13 до 40 години, шест по 20 години, една 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години и четири ослободителни пресуди.

 

Организаторите на протестот бараат меѓународна истрага и преглед на случајот, бидејќи според нив, е направена неправда на Албанците во Македонија.

 

На 9 и 10 мај 2015 година, во кумановската населба Диво насеље вооружена група се судри со безбедносните сили. Во судирот загинаа осум специјалци на МВР, додека 40-тина беа тешко повредени. Убиени беа десет лица од вооружената група.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи