Во сообраќајна несреќа загина Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија.
До сообраќајната несреќа дошло во еден часот по полноќ на булеварот „Никола Карев“ кога возилото Рено Меган излетало од патот и удрило во рекламен билборд.
Стефановски бил пренесен во градската болница, но лекарите единствено констатирале смрт.