Обвинетите службенички од „Тврдина 2“ Постапувале по наредба на Грујевски

Facebook
Twitter
Email
Print

Во завршниот збор пред судот шесте службенички од УБК рекоа дека не чувствуваат вина, бидејќи тоа што го сториле било единствено по наредба на нивниот претпоставен,  во случајов Горан Грујевски, како што налага нивната работна позиција.

 

„Во УБК сум долги години и секогаш својата работа сум ја работела професионално без никакви забелешки. Секогаш сум ги почитувала наредбите на претпоставените и сакам да кажам дека и во овој случај постапував исклучиво по наредба на претпоставениот началник“, рече една од обвинетите.

 

Шесте службенички, исто така нагласија дека немале право да бираат дали сакаат или не, туку дека таква била наредбата, а една од нив пред судот рече дека единствен приход за егзистенцијата ѝ била платата од Управата за безбедност и контраразузнавање.

 

Судот ќе ја соопшти одлуката в среда, на 8 ноември.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи