Јованоски : До крајот на мојот мандат Прилеп ќе добие нов театар

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, денеска оствари средба со актерите од прилепскиот народен театар со кој што разговараше за повеќе проблеми со кои се соочуваат уметниците. Секако една од главните точки на разговорот беше изградбата на нов театар, кој што ќе биде достоен храм на театарската уметност во нашиот град.

 

„Денеска за прв пат се сретнав со театарските уметници од нашиот град, со целиот ансамбл и жал ми е што иако нивната работа е на многу високо ниво тие со години немаат нов театар. Јас тоа го ветив во мојата предизборна кампања и сигирен сум и убеден дека ќе го остварам и новиот театар ќе биде изграден до крајот на мојот мандат. Се догворивме за начинот на нивното функционирање, оваа млада екипа на уметници не смее да биде заборавена од општеството, тие се толку креативни и добри и мислам дека не заслужуваат да имаат ваков третман“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Актерите истакнаа дека се задоволни од првата средба со новиот градоначалник на Прилеп, а уште повеќе биле радосни што веднаш се започнало со разгледување на идејата за изградба на нов театар во Прилеп.

 

 

„Ние немаме многу желби, а тоа е една желба да имаме добри услови за работа, изградба на нов објект на театарот. Она што можевме да направиме сами е ансамбл. Во моментов имаме еден од најдиобрите ансамбли во Македонија. Не радува оваа иницијатива и заложба на градоначалникот за новиот театар. Денес се договоривме да се формира еден иницијативен одбор, со претставници на локалната самоуправа, театарот, министерството за култура, но целата работа треба да ја води нашиот град Прилеп. Со формирањето на тој иницијативен одбор да се надеваме дека барем во 2018 година ќе имаме идејно решение на н овиот театар, и ќе се знае каде и како ќе се гради“, истакна Стојан Дамчески, раководител на народниот театар од Прилеп, „Војдан Чернодрински“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи