Именувани нови в.д. директори на едно средно и три основни училишта во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, според Законот за основно и средно образование на 06.11.2017 година именува в.д. директори на СОУ гимназија „Мирче Ацев“ и на три основни училишта : ООУ „Блаже Конески“, ООУ „Рампо Левката“ и ООУ „Кирил и Методиј“ во н.м. Канатларци.

 

За в.д. директор на гимназијата „Мирче Ацев“ е именуван Димче Настоски, кој го замени Кире Николоски, кој пак си поднесе лична оставка и беше разрешен на 18.10.2017 година од претходниот градоначалник Марјан Ристески.

 

На ООУ „Рампо Левката“ денеска за нов в.д. директор е поставена Благица Каракашоска, која ќе ја замени досегашната директорка Катерина Чавлеска Трпкоска која си поднесе лична оставка и беше разрешена на 19.10.2017 година од претходниот градоначалник Марјан Ристески.

 

На ООУ „Блаже Конески“ нов в.д. директор е Весна Мојсоска, која доаѓа на местото на Марија Дулеска чиј мандат заврши на 02.11.2017 година.

 

Во ООУ „Кирил и Методиј“ во н.м. Канатларци за в.д. директор е именуван Бајрам Јусуфоски. Претходно директор во ова училиште беше Влатко Кузманоски на кого мандатот му заврши на 02.11.2017 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи