Омбудсманот бара од Владата да ги спроведе мерките за човековите права и слободи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Народниот правобранител денеска излезе на прес-конференција, разочаран од тоа што Собранието не ги изгласа мерките за подобрување на човековите права кои потоа требаше да ја задолжат Владата да работи по нив.

 

„Собранието требаше да утврди мерки за определување и спроведување на мерките од извештајот на Народниот правобранител, а Владата според новиот закон, требаше после шест месеци да даде отчет пред Собранието, колку и во која мера се испочитувани мерките. За жал пратениците не успеаја“, рече Мемети.

 

Рече дека вчера на собраниската седница имало кворум, но и покрај тоа Годишниот извештај за состојбата на човековите права и слободи во Македонија и пакетот мерки за нивно подобрување не беше изгласан од страна на пратениците.

 

„Кога се расправаше за извештајот имаше кворум. Само од парламентарните групи кои имаат мнозинство имаше 45 пратеници, а вкупно имаше повеќе. На моментот на гласање имаше имаше повеќе од 60 пратеници, но за жал мерките не беа изгласани“, истакна Мемети.

 

Тој рече дека токму Собранието е тоа кое што треба да му биде најголема потпора на Омбудсманот за да ги подобруваат ситуациите во општеството и да бидат гарантори дека Владата работи според нивните препораки.

 

Мемети наведе неколку мерки, а меѓу нив бара да се избришат гумените куршуми и електричниот парализатор како средства за присилба што ги користи полицијата. Од областа на судството, побарал на Управниот суд да му се помогне да одлучува полесно и побрзо. Народниот правобранител, меѓу другото, исто така побарал извршителите да не смеат да блокираат трансакциски сметки во банка, додека за затворите бара да се подобрат условите, да се подобри безбедноста во затворите и да се подобрат здравствените услови. Децата фантоми да се запишат во матичните книги, да се подобри системот „Мој термин“, да се интервенира во изборниот законик, да не се распишуваат огласи за групно вработување во администрацијата без потреба, како и да се реализира проектот за регионални депонии.

 

Мемети се сретнал со пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Се согласиле дека е потребно да се изгласаат препораките.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи