Мурињо незадоволен во Јунајтед, медиумите го селат во ПСЖ

Facebook
Twitter
Email
Print

Жозе Мурињо е еден од најдобрите тренери во светот на фудбалот, но каде и да работи, порано или подоцна, се појавуваат проблеми.

 

Португалецот ја започна втората сезона како менаџер на Манчестер јунајтед, кој нема титула во Премиер лигата од сезоната 2014/2015. Новата сезона со неколку нови играчи Јунајтед ја започна со големи амбиции, но по 11 натпревари во првенството, „црвените ѓаволи“ имаат осум бода помалку од градскиот ривал Сити.

 

Сепак, навивачите не се задоволни најмногу од играта и тактиката, а во исто време Португалецот не е премногу задоволен од односот на раководството, бидејќи смета дека раководството не вложило доволно во тимот, иако Јунајтед во летниот преоден рок донесе засилувања во вредност од 150 милиони фунти.

 

„Не верувам, не сум сигурен дека ќе ја завршам кариерата овде“,изјави неодамна Жозе Мурињо.

 

Мурињо во тимот ги сакаше уште и Перишиќ, Дајер и Бејл, нешто што спортскиот директор Ед Видфорд не го реализира, а како што пишува „Манчестер ивнинг њуз“, ниту за Гризман не била испратена конкретна понуда.

 

Мурињо сега бара од директорот Ед Видфорд да му гарантира дека следното лето клубот нема да има финансиски задршки и ќе му ги исполни сите трансфер желби.

 

Во исто време весникот тврди дека раководството на ПСЖ веќе направило контакт со неговиот менаџер Жорге Мендеш и сака да го донесе „Специјалниот“ во Париз. Тој неодамна во едно интервју кажа многу убави зборови за ПСЖ и истакна дека „во моментов Париз е специјално место“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи